Visa International и ја одобри на УНИ Банка АД Скопје Electronic commerce лиценцата со која на трговците кои се регистрирани за интернет-трговија, ќе им овозможи прифаќање и на Visa брендираните картички, согласно безбедносната програма VbV (Verified by Visa). VbV е софистицирана програма дизајнирана да ги процесира интернет-плаќањата со картички на максимално безбедно ниво. Целта на VbV е да се креира повисоко ниво на доверба кај корисниците на картички и да го направи он-лајн купувањето идентично на реалното купување. Кога шопинг сезоната е во полн ек, задоволни сме што со Verified by Visa безбедносната програма им даваме можност на трговците, мобилните оператори, државните институции и сите други издавачи на режиски сметки и услуги да ги отворат своите виртуелни продавници и на едноставен и лесен начин да си обезбедат посигурен и безбеден пат на плаќање со картички од двата светски бренда.
Visa International и ја одобри на УНИ Банка АД Скопје Electronic commerce лиценцата со која на трговците кои се регистрирани за интернет-трговија, ќе им овозможи прифаќање и на Visa брендираните картички, согласно безбедносната програма VbV (Verified by Visa).
VbV е софистицирана програма дизајнирана да ги процесира интернет-плаќањата со картички на максимално безбедно ниво.
- Целта на VbV е да се креира повисоко ниво на доверба кај корисниците на картички и да го направи он-лајн купувањето идентично на реалното купување. Кога шопинг сезоната е во полн ек, задоволни сме што со Verified by Visa безбедносната програма им даваме можност на трговците, мобилните оператори, државните институции и сите други издавачи на режиски сметки и услуги да ги отворат своите виртуелни продавници и на едноставен и лесен начин да си обезбедат посигурен и безбеден пат на плаќање со картички од двата светски бренда - изјави Биљана Доновска Гечева, директор на дирекцијата за Картично работење во УНИ Банка.